Со време како што старееме, откриваме дека стравовите, вината, анксиозноста и длабокиот срам не ни припаѓаат нам во целост. Како сме ги добиле, од каде доаѓаат и што бараат од нас?

Бев воодушевен кога во книгата на Свети Порфириј прочитав дека во себе носиме векови. „Човекот е мистерија. Во себе носиме вековно наследство“.

И вистина е дека во себе ја носиме вината поради вековните тајни на генерациите, на оние кои не ги рекле, на оние кои не научиле, на оние кои не се исповедале. Оваа наследена вина нѐ прогонува како сенка.

Кога растете покрај анксиозен или фобичен татко, опсесивна или психотична мајка, се идентификувате со нив, без да го знаете тоа или да го сакате. Се чувствувате виновни, се срамите од нивната траума. Чувствувате дека мора нешто да направите за да ги спасите, дека одговорноста да ги спасите е ваша.

А потоа запаѓате во магичниот круг на ментално повторување. Бидејќи, во својот обид да ги избавите, несвесно или не, се поистоветувате со нив.

Нивниот проблем станува ваш. Ги репродуцирате истите однесувања, фобии, истата паника, опсесии и генерално целата траума поминува низ вашето битие.

Наместо да ги избавите, ќе бидете изгубени со нив во менталната имитација на траумата. Ќе ја добиете нивната вина, нивниот срам.

Кога ќе се прекине овој магичен круг на вина и психички трансмисии?
Кога ќе ја прифатиме слабоста на своите родители?
Кога ќе прифатиме дека не биле и не треба да бидат семоќни и совршени за да бидат добри родители.
Дека се само луѓе, а не богови. Го направиле она што можат.

Но во исто време, потребно ни е да се прифатиме и самите себе, да си простиме, да разбереме дека не сме одговорни за животите, слабостите, грешките и страстите на другите.

Искупувањето доаѓа кога ќе ја прифатите својата слабост. Тогаш ќе се почувствувате силни.
Бидејќи ова е христијанско исцелувања – кога слабоста станува сила, крстот се претвора во воскресение, а одрекувањето во живот и во светлина.

о. Ливиос – Хараламбос Пападопулос

извор- https://zivereci.com/802