Против бесчувствителност на душата, брате, треба постојано да читаш од божественото Писмо, заедно со умилните зборови на богоносните отци. На ова додај го размислувањето за Страшниот Божји Суд, за излегување на душата од телото и за страшните сили со кои таа вршела зло во овој кратковремен и покајнички живот.
А, недостиг на љубов кон твоите браќа настанува поради тоа што примаш помисли на сомнеж и му веруваш на своето срце, и поради тоа што не сакаш ништо да претприш против својата волја.
Треба, со Божја помош воопшто да не им веруваш на сомневањата и со свои сили да се трудиш да се смириш пред братот, отсекувајќи ја пред него својата волја.
Отците велат дека вистинската љубов ги отсекување страстите, и, пред се, моли Го Бога да ти даде трезвеност и разум за да можеш да дознаеш која е добрата, угодна и совршена Божја волја, за потоа да ти даде сила да бидеш подготвен на секое добро дело.
Извадок од книгата
Ава Доротеј од Газа