Бог, во Својата преизобилна добрина спрема нас, Трансцедентен во однос на сите нешта, Непоимлив и Неискажлив, станува причесен и видлив за нашиот ум, невидливо снисходејќи со Својата надсуштествена и неодолива енергија.

Добрината не е само еден дел од Бога, Мудроста друг, Величественоста и Промислата нешто трето. Бог, во целост е Добрина, во целост е Мудрост, во целост е Промисла и во целост е Величественост. Он е еден, без делење на делови, но поседувајќи ја во Себе секоја од овие енергии, Он во секоја од нив се открива наполно, единствено, просто и неразделно, со Својата присутност и со Својата дејствителност.

Св. Григориј Палама