Свети Јован Златоуст: „Ѓаволот секогаш кон вистината додава и по некоја лага“.

Св. Нил Синајски: „Понекогаш демоните, кога во тебе ќе внесат некои грешни помисли, самите те поттикнуваат да се молиш против нив и да им се спротивставуваш, и тие тогаш веднаш се тргнуваат. Тие тоа го прават за да паднеш во измама, мислејќи дека веќе си започнал да ги совладуваш помислите и дека ги плашиш демоните.

Треба да го знаеш следново лукавство на демоните: понекогаш тие се разделуваат на групи. Едните доаѓаат со соблазни, и кога ти ќе побараш помош, другите доаѓаат во ангелски лик и ги прогонуваат првите, за да бидеш излажан дека тие се вистински ангели и во себе да помислиш дека ти си достоен за нив (за ангелите)“.

Св. Јован Лествичник: „Од некои луѓе, не само верници, туку и неверници, си заминале сите страсти, со исклучок на една – гордоста. Тие ја оставиле неа како основно зло, за да го пополни местото на сите останати страсти, затоа што таа е толку силна што може да урне од самото небо“.

Св. Јован Лествичник: „Многумина примиле спасение без да имаат дар на пророштва и проѕорливост, дар на знаци и чудотворство, но без смирение, никој нема да влезе во Небесната одаја“.

Св. Амвросиј Оптински: „Ништо не посакувај да видиш на сон, инаку ќе видиш… рогови!“

Св. Игнатиј Брјанчанинов: „Решително да се откажуваме од виденијата и од општењето со нив, признавајќи се самите себе за неспособни за такви општења и виденија“.

Свети Апостол Павле: „Самиот сатана може да се преобрази во Ангел на светлината“ (2 Кор. 11, 14).

Од Отечникот: „На еден старец му соопштиле дека некој се удостоил да гледа ангели. Старецот одговорил: Блажени се оние, кои непрестајно ги гледаат своите гревови!“