Ревноста е вриење на душата која се пројавува како порив или страсти и желби. Ревноста може да биде полезна и штетна. Ревноста е добра кога нејзиниот порив се движи кон правење добро, а кога ќе се сврти кон злото, таа ревност е лукава. 
Добрата ревност бара победа на Царството Божјо на земјата, бара совршенство на добродетелта, го зема за пример доброто и копнее за чесност. 
Добрата ревност се раѓа во добрата душа како желба без завист. 
Добрата ревност е пројава на љубовта кон доброто. 
Добрата ревност е знак на расположеност кон напредувањето. Добрата ревност секогаш сака подобро. 
Извадок од книгата 
Свети Нектариј Егински 
Светител од наше време