Божествениот Златоуст за духовното пијанство вели: “Можно е и оној што не пие вино да биде пијан, а оној што пие вино да биде целомудрен”.

И Теодорит вака вели за духовното пијанство: “Отфрлете го штетното пијанство, опијте се со духовното. Бидејќи тоа значи да се исполнуваме со духот. Исполнувајте се со Духот на Бога славослувајќи непрестано и постојано држејќи ја мислата будна”.

А Павле, емески епископ, вели: “Духовното пијанство е мајка на целомудроста, учител на чистотата, пијанство што го држи будно окото на умот, пијанство што не ги прави луѓето безумни нити слаби кога ќе се наситат од него, туку дури и ги закрепнува деловите на телото и вооружува со оружјето на правдата против гревот, пијанство со кој се исполнува ликот Апостолски”.

Извадок од книгата
Свети Нектариј Егински