Треба да се молиме на Бог преку духовниот отец да ни го покаже нашиот пат и секогаш да одиме
по патот на Божјата волја. А ние вообичаено сакаме Бог да биде исполнувач на нашата волја.
Бараме од Бог многу пари, кариера, да патуваме или да се ожениме, да најдеме убаво момче или
девојка, а не ја бараме Божјата волја. Можеби Бог не сака да се оженам, туку да одам во манастир
или да не направам кариера туку животот да го посветам на некое добротворно дело, да им
помагам на сиромашните. Бог има многу патишта за нас, но ние веќе имаме свој план. Луѓето не
сфаќаат дека првин треба да ја бараат Божјата волја, бидејќи Бог нѐ познава подобро од нас
самите, Бог нѐ сака.

Немој да се плашиме да ја бараме Божјата волја мислејќи дека нема да ни се
допадне, или дека ќе се разочараме. Кога имаме внатрешен мир и љубов и кога сме среќни,
знаеме дека сме на вистинскиот пат, односно – кога сме во хармоничен однос со светот во нас и
околу нас.

Духовниот отец е оној кој не раѓа со Светиот дух. Апостол Павле вели: „Зашто, ако имате и на
десетина илјади наставници во Христа Исуса, многу татковци немате, бидејќи јас ве родив во
Исуса Христа преку Евангелието.“ (1. Кор. 4,15). Духовниот отец е личноста која нѐ врзува со Бог,
кој ни ја пренесува верата како семе во нашата душа, оној кој нѐ воспитува во религиозниот
живот, кои нѐ следи духовно, кој нѐ храни, кој нѐ укорува како деца кога не сме послушни. Ја има
таа улога исто како телесниот татко, но тој работи на нашиот духовен живот и нѐ поврзува со Бог.
Ни дава можност духовно да пораснеме, да станеме вистински христијани. Се разбира дека на тој
пат треба да воспоставиме еден конструктивен однос со нашиот духовен отец, како еден зрел
возрасен христијанин, а не како едно недораснато бебе.

За сè што ни е потеребно, треба да се помолиме на Бог да ни испрати. Така треба да се молиме
Бог да ни испрати отец во кој можеме да имаме доверба и кој навистина поседува квалитети за
духовно раководење. Мораме добро да размислиме кому ќе ја довериме својата душа, за да не се
изроди некаков лажен отец. А како ќе дознаеме дека е вистинскиот? Дрвото по плодовите се
познава. Се распрашуваме во врска со потенцијалниот духовник, потоа гледаме како е тој човек,
како живее, што проповеда. Некои луѓе велат дека никако не можат да најдат духовен отец, а
всушност, тие не ни сакаат да го најдат, сакаат сами себе духовно да се раководат. Има и такви кои
одат од еден духовен отец до друг, бирајќи она што им се допаѓа, што ним им одговавара. Тоа не е
во ред, не чини, така себе си се залажуваме – тоа е гордост, неодговорност, лукавост и самоволие.

Како што се разликуваат луѓето според темпераментот, размислувањето, идеите, така се
разликуваат и духовните отци. Затоа треба да најдеме еден духовник и да не го менуваме. За
денешниот човек најтешко е послушанието, современиот човек мисли дека е центар на светот. А
всушност Бог е центар на светот и треба да се потчиниме на Бог.

Има денес и такви кои сакаат да бидат големи духовници и понекогаш бараат неразумни работи
од своите духовни чеда, како на пример не сакаат духовните чеда да израснат, туку да им служат
како робови, да бидат под нивна власт. Тоа во никој случај не е во ред бидејќи таквите духовници со своето несоодветно и неправилно однесување ја уништуваат душата на луѓето; се случува дури
и луѓето да ја изгубат верата. Духовниот отец се грижи за своите деца, се моли за нив, но Бог е тој
кој прави чуда. Тука мора да бидеме трезвени, да не правиме култ на личноста, но за жал, некои
духовници токму тоа го сакаат и го форсираат.

Од друга страна, пак, постојат луѓе кои сакаат да бидат зависни од духовникот, односно на некој
начин не поседуваат психичка рамнотежа. Таквите личности, на пример, постојано ѕвонат на
телефонот на својот духовник прашувајќи го за сѐ и сешто, да речеме, дали да купат нова машина
за перење алишта, автомобил или пак што да готват за ручек. Духовниот отец тоа не смее да го
дозволи, туку да ги научи своите духовни чеда на моќта на расудувањето. Секако дека би било
убаво кога секоја христијанска душа да се здобие со свој духовен советник кој му е близок, кому
може да се довери. Тоа може да биде свештеник од парохијата, не мора да е монах. Во големите
градови, свештениците се преоптоварени имаат многу парохјани и не можат секому да му дадат
целосно внимание, сите да ги раководат. Но, ако човек не најде духовник во својата парохија, ќе
најде во друга или пак ќе најде во манастир. Ако барате, Бог нема да ве остави.

Архимандрит Василије Гролимунд