Еден ден, некој ученик го прашал својот духовен учител:
– Учителу, Вие ја сфаќате големата мудрост, секогаш сте во состојба на целосен мир и добро расположение. Никој не Ве нервира и не сте гневни на никого. Научете ме и јас да станам таков.
– Добро, ќе те научам, но за тоа ти треба една ќеса и една вреќа со компири.
Ученикот направил сè како што му рекол учителот. – Кога ќе си гневен некому или ќе се налутиш за нешто, напиши го името на таа личност врз компирот и стави го во вреќата – му рекол учителот.
– Дали е тоа сè што треба да направам? – се збунил ученикот.
– Не, каде и да одиш, секогаш треба да ја носиш оваа торба со тебе. И секогаш кога некој ќе те вознемири или навреди, ќе мора да додадеш уште компири во вреќата.
-Добро! – рекол ученикот.
Поминало некое време. Торбата на совесниот ученик сè повеќе добивала на тежина. Покрај тоа, првите компири веќе почнале да скапуваат и да создаваат непријатен мирис.
Тогаш ученикот дошол кај својот учител и му рекол: – Не можам повеќе да го носам овој товар и оваа смрдеа со себе. Дајте ми нешто друго.
На ова мудрецот одговорил: – Дали нешто друго си понел во душата кога си навреден и налутен на луѓето? Откако ќе се навредиш, не си во состојба да забележиш дека камен има паднато на твојата душа. Со текот на времето, овие камења се наталожуваат. Делата стануваат навики, а навиките се претвораат во дел од карактерот, што доведува до вообичаено неморално однесување. Ти дадов шанса за отстрана да погледнеш на тоа. Мислам дека друг пат ќе размислиш дали ти треба уште еден камен. Навредата е нешто што се наоѓа само во твојата глава. Научи се да ја ослободиш својата глава од оваа трулежна смрдеа и тогаш ќе станеш вистински среќна личност.