Иконата е симбол на невидливото. Гледајќи го надворешниот изглед на Христос или Неговите светци, иконата мора да го отслика и внатрешниот изглед, нивната светост. Дури и световните слики често отелотворуваат некој тип на идеја.Еве, на пример, споменикот на Петар Велики во Санкт Петербург: тој е прикажан на коњ кој се крева, го крева високо јавачот; ова покажува колку тој ја издигнува Русија на многу начини. Многу други споменици прикажуваат некаква идеја. Ако тоа може да биде така во световната
уметност, тоа треба уште повеќе да важи во религиозната, каде што се прикажува вишото, небесното, духовното.

Иконата не е портрет; портретот го прикажува само земниот изглед на човекот, додека иконата ја прикажува неговата внатрешна состојба. Дури и сликите само однадвор се разликуваат една од друга во различни периоди. Митрополитот Анастасиј раскажува како, додека бил студент на Богословската академија, тој и неговите браќа биле во Кронштат на
богослужба кај преподобниот отец Јован (Кронштатски). По завршувањето на Литургијата, отец Јован се здобил со светло-црвен изглед, сличен на Мојсеј кога се симнал од планината Синај. По некое време, кога отец Јован ги примил во својата ќелија, тој (по изглед) бил само обичен човек. Самиот Господ Исус Христос ни ја покажа Својата Божествена слава еднаш на гората Тавор; а остатокот од времето изгледаше како обичен човек, па луѓето се чудеа на изворот на Неговата моќ и чудата (кои ги вршеше). Иконата мора да го отслика надворешниот, но и внатрешниот живот,светоста и близината (на сликите) со Рајот.

Невозможно е да се наслика икона што го прикажува само изгледот на телото; мора да одразува невидливи духовни борби и мора да зрачи со небесна слава. Тоа е нешто што е целосно достижно од оној кој живее духовен живот и кој ги разбира и се огледува на животите на светците. Затоа во древност иконописците секогаш се подготвувале со пост и молитва пред
да почнат да сликаат дадена икона. Многу од иконите насликани на овој начин добиле моќ од Господ да прават чуда.
Се разбира, секоја икона што е благословена треба да се почитува и не треба да се третира безгрижно или со непочитување. Затоа мора да избегнуваме
да ги осудуваме иконите (начинот на кој се прикажани) кои се веќе во црквите.Не секој е запознаен со иконографијата и не секој може да црта или насликаикона.

Честопати ставот и желбата на иконописецот да му служи на Бога е поважен од вистинската сликарска уметност. Покрај доброто донесено од Запад по Петар Велики, имаше и многу нови влијанија туѓи на духот на православието. Значаен дел од образованата класа во Русија падна под влијание на овие струи, што пак доведе до нездрави, лоши промени кои се најдоа во нивните дела. Донекаде тоа се одразува и во иконографијата. Наместо имитацијата на древните руски иконописци, доминираше имитирањето на западните уметници туѓи на православието. Иако беа многу убави, новите слики не одговараа на духот на иконографијата. Во Русија почна да се вкоренува дух несвојствен за православието…
… Иконите во нашите храмови не треба да бидат насликани во дух туѓ на Православието.Грешат оние кои тврдат дека православните икони треба да бидат обоени во мрачни тонови и дека положбата на телото е неприродна. Во античко време, иконите биле насликани во светли бои, но потемнети со текот на времето и таложењето прашина низ вековите. Но, во исто време, мораме да запомниме дека многу светци всушност го поминале својот живот во жешки пустини, имале темна кожа и дека многумина имале тела ослабени од годините на духовна борба. Тие биле познати не по нивната земна убавина, туку по нивната небесна убавина. Со своите молитви нека ни помогнат нашите цркви да бидат одраз на Небесната слава и нашето духовно стадо да се обедини во потрага по Царството Божјо и да ја проповедаат вистината на Православието и во својата црква и во својот живот.

Св. Јован Шангајски