Одговарајќи на духовните чеда за важноста од често посетување на Црквата, отец Виталиј говореше: „Домашната молитва за неколку дена не заменува едно ’Господи помилуј‘ и поклонување направено во Црквата“.
Внимавајте како се крстите: „мавтате како муви да бркате“, тој ги опоменуваше своите чеда да обрнуваат внимание на тоа да ја поместуваат раката од рамо до рамо и треба да се прави права линија, а не свиткана долго.
Баќушката го сметаше за важно осенувањето со крсниот знак и правење метании онака како што го налага Црквата, што треба да го знае секој
павославен христијанин.
Извадок од книгата
„На чистите сè им е чисто“