Секојдневно треба да се грижите за очистување на вашата
душа. Занимавајте се со духовни дела и изговарајте ја молитвата
Исусова. Вашите мисли, желби и копнежи се онаму каде што е
вашиот ум.
Покорувањето на нашиот дух е од првенство значење.
Трудејќи се да добиеме добродетел, мораме да бидеме
смиреноумни и внимателни, за да го откриеме порокот кој ѝ е
спротивен, а потоа да се молиме, Христос да нѐ ослободи од него.
Не би требало многу да се грижиме за тоа како, кога и на кој начин
нашето срце ќе биде во состојба да ја стекне таа добродетел.
Треба да ја ослободиме душата од страстите и да ѝ
дозволиме на божествената благодат да пребива во нас. Колку
повеќе се очистуваме, толку повеќе ѝ дозволуваме на божествената
благодат да дејствува во нас. Кога душата целосно ќе се очисти од
сопствената волја и потполно ќе се смири, тогаш таа ќе ја види
благодатта Христова и исполнување на сите Негови ветувања.
Извадок од книгата
Старец Пајсиј Светогорец