За да Го спознаеме Господ не ни е потребно ниту богатство, ниту образование. Потребно е само да се биде послушен и воздржлив, да се има смирен дух и да се љубат ближните.

Едно е да се верува дека постои Бог, а друго е да се знае Бог.
Тајната е во ова: има души кои го спознале Господа, а има и души кои не го спознале, но веруваат во Него. Има и такви кои што не само што не го спознале, туку и не веруваат во Него, а помеѓу таквите има и учени луѓе.

Господ е љубов и ни заповеда да се љубиме едни со други и своите непријатели. Светиот Дух нѐ учи на таква љубов. Душата што не Го познава Светиот Дух не може да разбере како е можно да се љубат непријатели, па затоа и не сака да го прими тоа. Но, Господ, сите ги жали, и кој сака да биде со Него треба да ги љуби непријателите свои.

Извадок од книгата
Старец Силуан