Оној којшто се покајал, се предава на Бога и почнува да Му служи, извршувајќи ги Неговите заповеди и извршувајќи ја Неговата волја.
Кога човекот конечно ќе му го предаде целото свое јас на Бога, Бог постојано работи во него, му покажува што да прави и му помага да го постигне тоа.

Подвижникот работи се сам, но со Божја помош. Уште од првите денови тој успева во доброто толку колку што му доаѓа од горе помош. И колку повеќе напредува , толку подлабоко се вкоренува тоа уверување.

Бидејќи во човекот завладува соодветен мир, тоа уверување доаѓа до израз и станува едно од главните. Постои целосно предавање на човекот на волјата Божја и оставање на Бога да дејствува во него

Извадок од книгата
Невидлива борба