Дури и побожната личност, ако нема мудар водач, не е имуна на духовна болест. Ваквата болест е наречена прелест или духовна измаменост, кога некој се замислува дека е близу до Бога и до Царството на божественото и надприродното.
Дури и ревносните аскети во манастирите понекогаш се предмет на оваа измама, но секако, од неа најмногу страдаат лаици кои се зилотски настроени во надворешните борби и подвизи. Извојувајќи по некоја победа преку молитвата и постот, тие си замислуваат дека се способни да го согледаат божественото или да ги протолкуваат соништата кои по милоста Божја им се дадени. Во секоја стапка од нивните животи, тие гледаат намерни упатства од Бога или укажувања на нивниот ангел чувар. Потоа се доживуваат како Божји избраници, па често се обидуваат да ја претскажат иднината.
Светите Отци против ништо друго не се бореле толку жестоко како против оваа болест – прелеста.
Митрополит Антониј Храповицки