Во Москва, на 15 јули 2021 година, во 71-та година од својот земен живот се упокои познатиот руски актер Петар Николаевич Мамонов. Пред својата смрт славниот актер се причестил со Телото и Крвта Христови, а потоа бил однесен на интензивна нега, каде по неколку дена ја предал својата душа на Господа.

Петар Мамонов најповеќе ќе остане запаметен по успешно одиграната главна улога во филмот „Остров“, претставувајќи го ликот на отец Анатолиј, но и по неговите бројни мисли, кои со својата мудра содржина пружаа огромна утеха и поука на православите христијани насекаде по светот.

Нека е вечна паметта на новопретставеното чедо Божјо Петар, и Господ Бог нека му ги отвори портите од Царството Небесно!

За сеќавањето на смртта

Сите ние, вклучително и јас, понекогаш живееме како никогаш дека нема умреме. Си мислам дека ќе заминам за Вороњеж и дека ќе се вратам. Дека не може да ме погоди некој срцев удар, дека авионот нема да се сруши…

Порано не мислев за смртта, а потоа почнав да размислувам – што ќе се случи откако ќе умрам? Што ќе правам таму? Еве, овде е ковчегот – има четири ѕида и капак одозгора. Во своите филмови четири пати легнав во ковчег и секојпат скокав од таму. Режисерот ми рече: „Страшно, нели?“ Не, не е страшно, туку тоа е само една толку одговорна работа.

И кога оваа тема почна многу да ме интересира, почнав да читам книги од кои осознав колку неверојатен живот би било тоа. Единствената „шега“ е дека таму не можеме да однесеме ништо материјално, не можеме со нас да ги поведеме ниту своите ближни – ниту внуците, ниту децата, ниту љубените жени. Можеме со себе само да ја понесеме способноста да простуваме, да продолжиме да љубиме, да попуштаме, да помагаме.

Но, дали го научив ова? – се прашувам седејќи ноќе во кујната покрај огледалото. Се прашувам дали сум добра личност, дали е лесно да се живее со мене? И кога почнав на себе да си поставувам вакви прашања, мојот живот почна да се менува. Смртта веќе стана помалку страшна.

Се сеќавам, како петгодишно момче, во време кога сите деца почнуваат да размислуваат за смртта, јас лежев во креветот и со ужас размислував за неа. И тогаш престанав да мислам за тие теми, следеше слепа, лоша, долга пауза. 40 години! И сега ми е многу жал заради оваа пауза. Секако, стекнав некое искуство. Штета што во мојата младост имав толку многу сила, можев толку многу, а тоа не го искористив!

(Од еден негов говор во Вороњеж)