Да не се предаваме повеќе на таа неблагодарна и ропска тага. Ако е нужно да тажиме при смртта на блиски луѓе, да ја избереме пофалната и добродетелна тага. Има еден вид тага,доста блажена и пригодна за придобивање на добродетел – тага спротивна на тоа неразумие и ропска безволност.
Кој се предава на тој очај, отпосле самиот ќе почуствува покајание дека ја пречекорил границата на тагата и оставил да биде победен од страдањето. Тагува правилно само оној кој чуствува од какво богатство се лишил, споредувајќи го тој времен и нечист живот со она бесмртно блаженство, кое го поседувал пред да го злоупотреби со својата слобода за погибел.
Тажете не со световна тага, што донесува смрт, туку со тагата по Бог, која произведува неопходно покајание за спасение, како што нè советува Апостолот (2.Кор. 7,10), зашто неполезно и напразно пролеаните солзи над умрените може да станат причина за осуда на оној кој лошо ја ползува полезната материја – солзите.
Свети Григориј Ниски
Извадок од книгата
„Духовни бисери од светите отци“