1. Што не’ привел од непостоење во постоење.
2. За тоа што ни покажал чест со човечка, а не бесловесна душа.
3. За тоа што не искупил со Својата Чесна Крв.
4. За подареното право да бидеме наследници на Царството небесно.
5. Затоа што иако многу пати бил гневен и лут на нас, сепак, не се разгневи до крај од нас.
6. За тоа што не не погубил при самиот чин на гревот, туку не сочувал живи, не обзирајќи се на нашите согрешенија.
7. За тоа што не чува неповредени, и не допушта на ѓаволот да не проголта, кога грешиме.
8. За тоа што до сега го очекува нашето покајание, и ние се уште сме живи, а не мртви, затоа што црвите се уште не ги јадат нашите тела во гробовите, и затоа што нашите души се уште не се во пеколот.
9. Затоа што се уште ни е дадено време за покајание.
О, колку сме должни да Му благодариме на Бога за сето ова.

Извадок од книгата
Господи, Ти си мојот живот