Бидејќи човекот може да се причестува со Бога и бидејќи надсуштествената суштина Божја е наполно недостапна за соединување, тогаш постои нешто помеѓу непричесната суштина и оние што се причестуваат, што сепак им овозможува да се соединат со Бога. Ако го отстраните тоа што постои помеѓу она што е непричесно и причесниците – о каква празнина! – нè отсекувате од Бога, ја уништувате врската, создавате огромна и непремостлива бездна помеѓу Бога од едната страна и созданието и управувањето со созданијата од друга страна. Тогаш би требало да бараме некој друг Бог Кој не само што има во Себе смисла за Своето постоење, Свое самодејство и обожување на Самиот Себе преку Себеси туку воедно и да е добар Бог; на Таквиот нема да му биде доволно движењето кон созерцување само на Себеси, нема да биде само совршен туку ќе надминува секаква полнота на битието, така што кога во Својата добрина ќе посака да стори добро, Тој и ќе може да го прави тоа. Така Он, преку Своите творечки и промислителни пројави и енергии е присутен во сè. Со еден збор, мораме да бараме Бог Којшто на некој начин е причесен. Општејќи со Него, секој на начин својствен за себе, сите ние, ќе бидеме и ќе живееме и ќе стекнеме обожување според степенот на заедничарењето.

Св. Григориј Палама (Тријада III, 2, пар. 24)