Простувањето доаѓа поради постојаниот плач, поради постојаното покајание или од силината на оплакувањето, од солзите. Велам солзи, а не вода од очите. Кога станува збор за солзи, тука се мисли на срцето, односно кога срцето плаче, а не вода низ очите. На водата од очите честопати и не треба да ѝ веруваме. Таа доаѓа од суетата, од самосожалувањето, од себељубието! Но постои и водичка што ја нарекуваме солзи. Тоа е кога срцето ќе се очисти од страста на гордоста, па започнува да плаче со вистински солзи. Тие солзи доаѓаат од срцето и се појавуваат кај големите луѓе.
Старец Сампсон (Сиверс)