“Јас сум грешен и непотребен блуден син”. Ако навистина постојат гревови, тогаш треба да се покаеме, и исповедувајќи се, да почнеме со поправање. Ако се има чувство на грешност на срцето, тоа не треба да се изгонува, туку да се засилува.

Колку погрешен некој се чувствува, толку со тоа му е поблизок на Господа, Спасителот на грешните. Оние кои себеси се сметаат за праведници, се далеку од Спасителот, Кој дојде да ги спаси не праведните, туку грешните.

Да се странствува или оди во манастирот, самиот испитај се што е подобро. Одлуката за ова е дело на твојата разумност и на советите на оние кои добро те познаваат. Човек може каде било да се осами и да живее онака како што живеат другите црнорисци.

Извадок од книгата
Писма на вечното спасение