Зошто човекот треба да му биде благодарен на Бог за страдањата, неволјите и искушенијата

Страдањата, неволјите и искушенијата, кои се допуштени со Божја промисла, служат и како важно средство за будење на љубовта кон Бог. И како што синот ја искажува својата благодарност кон својот татко, ако го воспитува на пристојност и воздржување со благовремени казни, правејќи го на тој начин достоен член на заедницата, така и Христијанинот треба да му биде бескрајно благодарен на Бог на тоа што Тој со Своите примислителски дејства не нè чисти само од гнасотиите на гревот, туку нè прави достојни жители на Небесниот град.

Благодарноста -благоугодно средство

Непрестајното сеќавање на љубовното срце на Бог се состои во непрестајно благодарење за Неговата бескрајна милост спрема грешниот човек, во молитвен разговор со Него и со богомислие. Чувството на благодарност се раѓа преку размислување за Божјите благослови, бидејќи овие благослови „не само што се безбројни, туку и со умот несфатливи“. Тогаш чувството за благодарност во човекот кој сака никогаш не смее да секне… И оваа човечка благодарност е богоугодно средство кое ги привлекува во неговата душа благодатните текови на Божествениот живот.

… 

Благодарноста е срдечно и радосно чувствување на Божјата добрина.

Благодарноста е сеќавање на доброчинствата.

Оваа ЖРТВА му е најпријатна на Бог.

Благодарноста е знак на живата ВЕРА.

Со искрена благодарност се прославува Името Божјо.

Секоја минута благодарете му на Бог за Неговите бесконечни благослови.

Запаметете дека сите добра се Божји и мораме да му благодариме на Бога.

Благодарноста е единствено што можеме да му го дадеме на Христос за наше искупување.

ВЕРАТА буди благодарност за спасителниот подвиг на Христос.

Благодарете му на Бог за Неговата татковска казна.

Кога Бог нè казнува за гревовите – тоа е Неговата милост и мораме да му благодариме на Бог за тоа.

БЛАГОДАТТА учи на благодарност.

Благодарноста се раѓа низ размилувањата за Божјите благослови.

Верата и почитувањето спрема Бог бараат да му благодариме за сè.

Нема благодарност без љубов и без смирение.

Мораме да му благодариме на Бога не само со усните, туку и со срцето.

Внимателно разгледајте дали душата е благодарна за бесконечните БЛАГОСЛОВИ Божји.

Благодарноста привлекува нови благослови.

Грешникот не покажува благодарност кон Бог сè додека не се исправи.

 

Схиархимандрит Јован (Маслов)

Извор- https://svetosavlje.org/za-sta-bi-trebalo-zahvaljivati-bogu/