Кога човек ќе влезе во стравот Божји, тој веќе не познава никаков плашлив трепет, па колку и да e опкужен од зли луѓе. Тој го има стравот Божји во себе и го носи непобедливиот оклоп на верата. Ова го прави силен и способен да истрпи било што, вклучително и ситуации кои изгледаат тешки и невозможни за многу луѓе. Таквиот човек е како џин опкружен со мајмуни или како лав кој рика меѓу кучиња и лисици. Тој чекори напред верувајќи во Бога и во постојаноста на Неговата волја дека ќе ги сотре и парализира неговите непријатели. Тој го исукува блескавиот меч на Словото, кој е украсен со мудроста.

Св. Симеон Нов Богослов