Во својство на божествената установа, Црквата е раководена од Светиот Дух. Тој престојува во неа и ја прави непроменлива со догматско правило, “столб и тврдина на Вистината”. Црквата ја чува чистотата и непроменливоста на апостолското учење.
Единствено таа може да не приведе кон Вистината и да биде единствен и непроменлив судија кој е во состојба да се изјаснува во врска со спасоносните вистини на богооткриените учења.

Едната, Света, соборна и Апостолска Црква која сите нејзини служители ја претставувале на Вселенските собори, се појавува како единствен вистински судија, единствен и природен чувар кој стражари врз боговдаховеното учење. Само Црквата го решава прашањето за веродостојноста и авторитетот на Светото писмо. Само таа може да ги потврди, објасни и формулира вистините, бидејќи е раководена од Светиот Дух.

Само Црквата ги приведува кон Христа оние кои веруваат во Него и им дава вистинско толкување на Светото писмо.
Единствено таа ги чува своите чеда на нивниот пат кон спасението и единствено таа со сигурност ќе ги доведе до спасение.

Без авторитетот на Црквата не постои ништо друго што би било постојано, неспорно и сигурно за спасение. Единствено авторитетот на Црквата го чува неосквернето Апостолското наследство.

Извадок од книгата
Свети Нектариј Егински