Недоверливоста во себе и надежта во Бога се неопходни за духовна борба, но тие не се доволно. Затоа, покрај нив, мора да користиме и други духовни вежби. На прво место доаѓа вежбање на умот и волјата.
Како прво, чувајте го умот од незнаење , бидејќи незнаењето не му дозволува да ја види вистината.
Потоа, обидете се да го одржите умот чист и да препознаете што точно треба за да душата се очисти и да се украси со доблести.

Оваа чистота на умот може да се постигне на два начина.

Првиот е – да се молите на Светиот Дух да ја излее Неговата Божествена светлина врз срцето, нешто што Тој ќе го стори ако навистина го барате Него, ако се обидете да живеете во се според Неговата волја, ако со радост се потчинувате на совети на искусни духовни отци, не преземајќи ништо пред да прашате за совет.

Вториот начин е да се набљудуваат работите и да се навлезе во нив со цел да се процени кои се добри, а кои лоши. Но не во смисла на тоа како ги проценуваат вашите сопствени чувства и совест, туку како суди Светиот Дух или Словото на богоинспирираните книги на Светото писмо и духовните отци и учители на црквата.

Извадок од книгата
Невидлива борба