„Зашто тие ќе го видат Бога…“. Како тогаш се вели дека: „Бог, никој никогаш не Го видел“ (Јн. 1, 18)? На ова одговараме дека Тој е созерцуван и сфатен од умот.

Навистина, во Светото Писмо го гледаме Бога со очите на знаењето, а преку разумноста и рационалноста што се манифестира во вселената, Создателот може да се види преку заклучување, исто како што, преку делата на човечките раце, е видлив изработениот предмет што лежи пред нас. На некој начин, сè може да се сфати со разумот.

Ние, во исто време, не ја гледаме природата на пронаоѓачот, туку само неговата вешта изработка. На исти начин, оној што гледа во Божјата творба, не ја замислува суштината, туку само мудроста на Создателот на сè. Тоа го потврдува и Господ, ветувајќи дека: „Бог ќе го видат чистите по срце…“. Светото Писмо не му противречи на ова, кога вели дека: Бога никој не Го видел, ниту пак може да Го види.

Аполинариј Лаодикиски