Свети Исаак Сирин совршенството го нарече најголемо смирение; но истото може да се каже и за љубовта, поврзувајќи ја со совршенството, бидејќи Љубовта одлучи Господ да слезе од Небото и да стане Човек, а не постои поголемо смирение од тоа Господ да живее меѓу луѓето, на тој начин докажувајќи ја Својата љубов.
Животот ни е од Бог: со Него живееме, се движиме и постоиме (Дела 17, 28). Односно Бог е извор, заштита, предназначеност на нашиот живот. Ако живееме во согласност со Него, тогаш имаме живот, загарантиран од страна на Бог, а ако не Го следиме и нашиот живот го трошиме на секакви беззаконија и гадости, поради кои и душата и телото ни стануваат опседнати, тогаш Бог – поради нашите гревови – се оттргнува од нашиот живот. Но Он сепак не се одвојува од нас веднаш после гревовите, туку некое време ја трпи човековата заблуда на Својот помлад син, повикувајќи го на сите можни начини…
Мерата на љубовта кон непријателите мора да ја достигнат сите христијани што сакаат да се спасат.
Преку Црквата сме родени како Божји синови и сега имаме дел од Христос, преку секој дар. Христос е целосен само во Црквата, во Неговата видлива и невидлива заедница: преку Воскресението и при повторното доаѓање (види Мат. 19, 28), Христос ќе престојува во сѐ; совршенство без граници. Во Црквата луѓе над природата или богови по благодат се раѓаат од горе и живеат на земјата, победувајќи во битките.
Старец Арсениј Бока