Ајде сите ние кои одиме во црква, да го сакаме Христа, за да можат тоа и други да видат и да ни се придружат нам. Велат дека љубовта не може да се сокрие.
И ако го сакаме Господа и во голема мера го љубиме, целиот свет ќе го види тоа.
И бидејќи ние сега сме расфрлани низ целата земја – ние, христијаните, кои го сакаме Господа, слушателите на оваа програма и сите други , ќе го почувствуваат вкусот на Христа и ќе речат:
– Што е проблемот? Зошто толку радосно се враќате од литургија? Зошто имате такви среќни очи? Зошто лицето ви сјае? Зошто вашата добрина го омекнува моето срце?
– Затоа што Он постои, – велиме.
– Кој Он?- тие ќе не прашаат.
– Христос.
– Каде е Он? И јас исто така сакам да го видам Неговото лице?
– Во црквата. Дојдете да го видете! Одам таму и мојата тајна е во тоа. Немам други тајни за убавина, нема друга тајна на среќата. Јас одам во црква, јас го чувствувам Господ и мојот живот се менува.

Извадок од книгата
Христос е слобода.