Живот во палета

Отсекогаш сум копнеела да видам,
бар на еден ден видам каков е животот
создаден по пат на равенства.
Мора фино да ти е.
Колку само лесно веројатно ти е-
помешај бела и црвена и оп, готово, ете ти го:
животот розов!

И сега, како јас да ти објаснам
оти во мојата палета
илјадници се розови:
секоја за себе свој универзум, изворен и неповторлив.
Јас не генерирам бои,
тие ме сликаат мене!

Не планирам да престанам ИДовски да го живеам патот трасиран од нијансите ми,
само,
се прашувам по неброен пат
за чиј спас да се помолам:
мој ил твој?!

(К.П.К.)