Животот на христијанинот на земјата е синџир на страдања. Тој треба да се бори со своето тело, со страстите, со духовите на злото. Во таа борба е нашата надеж. Нашето спасение е нашиот Бог. Имајќи доверба во Бога, со трпение треба да го носиме бремето на борбата. Искушенијата, како кога се претвора зрното во брашно, го мелат и сомелуваат човекот. Но тие се допуштени по Промисла Божја, а за наша голема духовна полза; преку нив ќе добиеме срце скрушено и смирено – кое Бог никогаш нема да го презре.

 

Св. Игнатиј Брајанчанинов